30.8 C
Skopje

Шаќири: Ембла е повторно меѓу соучениците, да се подигне свеста за децата со попреченост

Четвртоодделеката Ембла Адеми од Гостивар е повторно меѓу соучениците во ОУ „Башкими“. Таа не го почна второто полугодие во нејзиното одделение поради бојкот на родителите на учениците од паралелката кои се жалеле на агресивност од ова 11-годишно девојче со Даунов синдром.
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири утрово на Фејсбук соопшти дека на негово задоволство и на задоволство на нејзиното семејство, Ембла продолжува да стекнува нови знаења, да напредува и да ги развива пријателствата со своите врсници. Шаќири напиша дека Ембла не ја почувствува радоста од повторното враќање во училишните клупи на првиот ден од второто полугодие, затоа што, за жал, како што вели, „во нашето општество се уште постојат стереотипни размислувања и предрасуди за луѓето со посебни потреби“.
Среќата во очите на Ембла е наша заедничка среќа. Победа на општеството и на вистинските човечки вредности. Посакувам вакви ситуации да не се повторуваат. Затоа, мораме да продолжиме да даваме придонес кон подигнувањето на свеста за децата со попреченост. Тие не се поразлични од другите и заслужуваат еднаков пристап до квалитетно образование како и сите други. Тоа е основно право и должни сме да го овозможиме, да создадеме услови во кои секое дете ќе го развива и ќе го реализира својот полн потенцијал. Да докажеме дека подигнувањето на инклузивноста на образовниот систем е наш врвен приоритет и процес кој ќе продолжиме да го спроведуваме.
Драга Ембла, ти посакувам успех во понатамошната едукација. Застанувам позади тебе во секоја следна битка!, напиша Шаќири на својот фејсбук-профил. Единаесетгодишната Ембла вчера, со еден ден задоцнување тргна на училиште, но сама, затоа што родителите на другите ученици од ОУ „Башкими“ во Гостивар ја бојкотирале наставата. Тие во петиција напишале дека одлуката да не ги пуштаат своите деца на настава ја донеле „поради попречување на наставата од страна на ученичката Ембла Адеми и поради агресивност“. Како што објавија медиумите вчера, директорот на ОУ „Башкими“ Зијадин Нуредини изјавил дека се договориле со родителите на Ембла, таа „да циркулира и да ротира во три паралелки“ за да не остане само во една училница.
Девојчето го посетиле и претставници на Центарот за деца со посебни потреби „Хандимак“ од каде што изјавиле дека таа никогаш не била агресивна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во случај на договор со Бугарија, Франција ќе организира прва меѓувладина седница на Северна Македонија и ЕУ

Француското Министерство за надворешни работи и Европа се огласи по средбата на шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан со неговиот колега од Северна...

Средба на министерот Шаќири со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска имаше средба со амбасадорката на Романија Адела Моника Аксинте, на која разговарале за унапредување и интензивирање...

Ѓоргиев: Сегашниот пристап од Софија води кон консолидирање на наративите на Тодор Живков

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања денеска продолжува со својата работа, но во една крајно влошена атмосфера по отворањето на Бугарскиот клуб...

Зошто и како странци купуваат недвижности во офшор земји како Дубаи?

Во овие финансиски или даночни раеви инвеститорите се ослободени од даноци и немаат никаква законска обврска да го докажуваат потеклото на своите пари пред...

Превирања во НСДП: Битка за наследник на Тито

Има судир, но не и раскол во НСДП, вели за Фокус се уште актуелниот партиски претседател во заминување Тито Петковски, откако два табори влегоа...