30.8 C
Skopje

Шаќири: Да ги вратиме учениците во училишните клупи, повисоки плати ќе има

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири апелираше учениците да се вратат во училишните клупи, да не губат настава и најави дека денеска ќе испрати писмо до СОНК и неговото членство и изрази надеж дека ќе наиде на разбирање.

-Да им озвоможиме на учениците на време да ја завршат учебната година и да ја почнат подготовката или реализацијата на веќе зацртаните планови за нивната иднина, нагласи Шаќири, додавајќи дека тоа е наша законска, етичка и морална обврска.

Министерот Шаќири изрази надеж дека ако не од утре, тогаш од понеделник воспитно-образовниот процес ќе се нормализира.

-Учениците да се вратат во училишните клупи. Не смееме да дозволиме нов луксуз и учениците повторно да изгубат многу од настава и од учењето. Тоа ќе создаде дополнителни празнини во знаењето кое понатаму тешко или воопшто не се надоместува. Затоа апелирам до сите општествени чинители, а особено до СОНК и до наставниците при сите одлуки кои ги носиме и постапки кои ги правиме да се водиме по најдоброто, најдобриот интерес на учениците, а нивниот најдобар интерес е тие повторно да се вратат на настава во училиштата, да бидат меѓу своите врсници, рече Шаќири на денешната прес-конференција на платото пред Владата.

Министерот Шаќири изјави дека непосредно пред крајот на учебната година СОНК одлучи да го искористи правото на штрајк организирајќи го, како што рече, во многу училишта во земјата, каде училниците повторно останаа празни. Посочи дека тоа е уставно и законски гарантирано и целосно го почитува, но сметам дека синдикалното раководство треба да даде предност на социјалниот дијалог кој е докажано најдобар механизам за надминување на несогласувањата и проблемите.

– Барањето за зголемување на платите на наставниците е лититимно и повисоки плати ќе има. Тоа е заложба на Владата и затоа е зголемена минималната плата на почетокот на минатиот месец, со која ќе се усогласат и сите останати, и оние во образование, каде дополнително ќе следи зголемување за одреден процент за кој во моментов сме во преговори. Тоа е процес кој ќе продолжи и денес и утре, се до изнаоѓање конечно и прифатливо решение за сите засегнати, нагласи Шаќири.

Во понеделникот почна штрајкот на вработените во основните и во средните училишта и во градинките за зголемување на платите во дејностите образование и детска заштита. За да се изнајде решение, вчера имаше средба во МОН меѓу Синдикатот и владини претставници.

Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК Јаким Неделков попладне ќе одржи прес-конференција во седиштето на СОНК.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во случај на договор со Бугарија, Франција ќе организира прва меѓувладина седница на Северна Македонија и ЕУ

Француското Министерство за надворешни работи и Европа се огласи по средбата на шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан со неговиот колега од Северна...

Средба на министерот Шаќири со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска имаше средба со амбасадорката на Романија Адела Моника Аксинте, на која разговарале за унапредување и интензивирање...

Ѓоргиев: Сегашниот пристап од Софија води кон консолидирање на наративите на Тодор Живков

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања денеска продолжува со својата работа, но во една крајно влошена атмосфера по отворањето на Бугарскиот клуб...

Зошто и како странци купуваат недвижности во офшор земји како Дубаи?

Во овие финансиски или даночни раеви инвеститорите се ослободени од даноци и немаат никаква законска обврска да го докажуваат потеклото на своите пари пред...

Превирања во НСДП: Битка за наследник на Тито

Има судир, но не и раскол во НСДП, вели за Фокус се уште актуелниот партиски претседател во заминување Тито Петковски, откако два табори влегоа...