30.8 C
Skopje

Шаќири: Германската поддршка во реформиските процеси, даваат силен поттик за успешно спроведување на истите

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, денеска имаше протоколарна средба со Амбасадорот на Сојузна Репубика Германија Н.Е. г-ѓата Анке Холштајн.

Двајцата соговорници на средбата ја истакнаа досегашната успешна соработка помеѓу двете земји во полето на образованието, и ја потенцираа важноста на размената на искуства како во образовниот процес, така и во делот на науката.

Министерот Шаќири, изрази благодарност до германската влада за големата поддршка во разни проекти кои се реализираат во Република Северна Македонија, како и искуствата кои земјава ги црпи од СР Германија во делот на средното стручно образование.

Шаќири, исто така ја запозна амбасадорката Холштaјн за реализацијата на проектот за модернизација на основното образование, при што истакна дека земјава и во иднина ќе ги следи и ќе се труди да се прилагодува на глобалните трендови во областа на образованието.

Амбасадорката на СР Германија, Н.Е. Холштајн, истакна дека германската влада е подготвена за продлабочување на соработката во образованието и научно-истражувачката дејност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во случај на договор со Бугарија, Франција ќе организира прва меѓувладина седница на Северна Македонија и ЕУ

Француското Министерство за надворешни работи и Европа се огласи по средбата на шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан со неговиот колега од Северна...

Средба на министерот Шаќири со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска имаше средба со амбасадорката на Романија Адела Моника Аксинте, на која разговарале за унапредување и интензивирање...

Ѓоргиев: Сегашниот пристап од Софија води кон консолидирање на наративите на Тодор Живков

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања денеска продолжува со својата работа, но во една крајно влошена атмосфера по отворањето на Бугарскиот клуб...

Зошто и како странци купуваат недвижности во офшор земји како Дубаи?

Во овие финансиски или даночни раеви инвеститорите се ослободени од даноци и немаат никаква законска обврска да го докажуваат потеклото на своите пари пред...

Превирања во НСДП: Битка за наследник на Тито

Има судир, но не и раскол во НСДП, вели за Фокус се уште актуелниот партиски претседател во заминување Тито Петковски, откако два табори влегоа...