15.8 C
Skopje

Холандски гинеколог неетички оплодил 21 пациентка

Гинеколог од Холандија, за време на лекување неплодност, а користејќи ја сопствената сперма, зачнал најмалку 21 дете, покажа нова истрага.

Џос Бек работел во болницата „Елизабет“ во Лејдердорп, сега дел од болницата „Алријне“, меѓу 1973 и 1998 година. Тој почина 2019 година. Двојките што ги лекувал Бек верувале дека тој користи сперма од анонимни донори. Од болницата изјавија дека не веруваат дека докторот на некој од нив му ја кажал вистината. Скандалот беше откриен откако организација која трага по биолошки родители на засегнатите, открила совпаѓања меѓу Бек и ДНК-та на 21 дете на пациентки, зачнати меѓу 1973 и 1986 година.

Бек е третиот лекар за неплодност во Холандија за кој е откриено дека користел сопствена сперма при лекувањето неплодност, пишува „Гардијан“. Претходни истраги покажаа дека гинекологот Јан Вајлдшут е биолошки татко на 17 деца, а д-р Јан Карбат зачнал 49 деца.

„Сакаме да нагласиме дека ситуацијата сега е сосема поинаква. Ние ги користиме националните протоколи и работиме според конзистентни и соодветни принципи. Ревизиите редовно ја контролираат нашата работа“, се додава во соопштението на болницата.

Според законот што стапи во сила 2004 година, луѓето во Холандија имаат право да го знаат идентитетот на нивните биолошки родители, по наполнети 16 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во случај на договор со Бугарија, Франција ќе организира прва меѓувладина седница на Северна Македонија и ЕУ

Француското Министерство за надворешни работи и Европа се огласи по средбата на шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан со неговиот колега од Северна...

Средба на министерот Шаќири со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска имаше средба со амбасадорката на Романија Адела Моника Аксинте, на која разговарале за унапредување и интензивирање...

Ѓоргиев: Сегашниот пристап од Софија води кон консолидирање на наративите на Тодор Живков

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања денеска продолжува со својата работа, но во една крајно влошена атмосфера по отворањето на Бугарскиот клуб...

Зошто и како странци купуваат недвижности во офшор земји како Дубаи?

Во овие финансиски или даночни раеви инвеститорите се ослободени од даноци и немаат никаква законска обврска да го докажуваат потеклото на своите пари пред...

Превирања во НСДП: Битка за наследник на Тито

Има судир, но не и раскол во НСДП, вели за Фокус се уште актуелниот партиски претседател во заминување Тито Петковски, откако два табори влегоа...