30.8 C
Skopje

Халити – Спасовски: Ќе се интензивира соработката меѓу МИОА и МВР во насока на дигитализацијата

Тековните состојби меѓу двете министерства во однос на заедничките проекти, развојот на капацитетите и достигнувањето на европските стандарди поврзани со дигитализацијата, беа теми на денешната средба меѓу министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Во фокусот на разговорите беше проектот поврзан со електронските лични карти, за што ќе се засилат активностите и уште повеќе ќе се интензивира соработката меѓу МИОА и МВР со цел реализирање на поставените цели и обврски.
Двајцата министри разговараа и за електронскиот регистар на население, оценувајќи ја досегашната соработка како успешна. Воедно се согласија дека е неопходно да се зголеми пристапот на што повеќе институции во овој регистар. Се разговараше и за е-услугите, за интегрирање на овие услуги меѓу двете министерства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во случај на договор со Бугарија, Франција ќе организира прва меѓувладина седница на Северна Македонија и ЕУ

Француското Министерство за надворешни работи и Европа се огласи по средбата на шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан со неговиот колега од Северна...

Средба на министерот Шаќири со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска имаше средба со амбасадорката на Романија Адела Моника Аксинте, на која разговарале за унапредување и интензивирање...

Ѓоргиев: Сегашниот пристап од Софија води кон консолидирање на наративите на Тодор Живков

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања денеска продолжува со својата работа, но во една крајно влошена атмосфера по отворањето на Бугарскиот клуб...

Зошто и како странци купуваат недвижности во офшор земји како Дубаи?

Во овие финансиски или даночни раеви инвеститорите се ослободени од даноци и немаат никаква законска обврска да го докажуваат потеклото на своите пари пред...

Превирања во НСДП: Битка за наследник на Тито

Има судир, но не и раскол во НСДП, вели за Фокус се уште актуелниот партиски претседател во заминување Тито Петковски, откако два табори влегоа...