30.8 C
Skopje

Трифонов удри по бугарскиот премиер

Почеток на преговорите со Северна Македонија за членство во Европската Унија ќе има дури кога ќе почнат да го спроведуваат Договорот меѓу двете земји потпишан во 2017 година. За жал, премиерот Кирил Петков постојано се обидува да го заобиколи овој договор и без никакви услови да го отфрли ветото на Бугарија, реагира лидерот на бугарската партија Има таков народ, Слави Трифонов.

Бугарскиот премиер Кирил Петков сака почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ до крајот на јуни, без никакви законски гаранции за почитување на правата на Бугарите во земјата, објави на Фејсбук лидерот на бугарската партија Има таков народ, Слави Трифонов.

„Пред да се формира оваа Влада, четирите партии преговараа и потпишаа коалициски договор. Во него, во делот ‘Надворешна политика’, сите се согласивме дека Бугарија ја задржува позицијата во однос на Северна Македонија. Тоа значи дека почеток на преговорите со Северна Македонија за членство во Европската Унија ќе има дури кога ќе почнат да го спроведуваат Договорот меѓу двете земји потпишан во 2017 година. За жал, премиерот Кирил Петков постојано се обидува да го заобиколи овој договор и без никакви услови да го отфрли ветото на Бугарија“, наведува Трифонов во објавата.

Според него, Петков го прави тоа без да ги координира своите изјави и постапки не само со дипломатите од бугарското Министерство за надворешни работи, туку и без координација со коалициските партнери и Народното собрание на Бугарија.

„А Бугарија е парламентарна република и бугарскиот Парламент има јасен и недвосмислен став по оваа тема. Ставот го потврдија сите пратенички групи на последниот Консултативен совет за национална безбедност кај претседателот“, додава во објавата Трифонов, чија партија е дел од бугарската владина коалиција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во случај на договор со Бугарија, Франција ќе организира прва меѓувладина седница на Северна Македонија и ЕУ

Француското Министерство за надворешни работи и Европа се огласи по средбата на шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан со неговиот колега од Северна...

Средба на министерот Шаќири со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска имаше средба со амбасадорката на Романија Адела Моника Аксинте, на која разговарале за унапредување и интензивирање...

Ѓоргиев: Сегашниот пристап од Софија води кон консолидирање на наративите на Тодор Живков

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања денеска продолжува со својата работа, но во една крајно влошена атмосфера по отворањето на Бугарскиот клуб...

Зошто и како странци купуваат недвижности во офшор земји како Дубаи?

Во овие финансиски или даночни раеви инвеститорите се ослободени од даноци и немаат никаква законска обврска да го докажуваат потеклото на своите пари пред...

Превирања во НСДП: Битка за наследник на Тито

Има судир, но не и раскол во НСДП, вели за Фокус се уште актуелниот партиски претседател во заминување Тито Петковски, откако два табори влегоа...