30.8 C
Skopje

Русија сака дипломатија, не војна

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија сака дипломатија, а не војна, по американскиот повик да се „врати на преговарачката маса“ и да не ја напаѓа Украина.

– Ние го избравме патот на дипломатијата пред неколку децении – истакна Лавров во интервју што беше пренесено на неколку руски медиуми.

Тој нагласи дека Русија мора да работи со сите и тоа е нејзиниот принцип.

– Ако е до Русија, нема да има војна. Ние не сакаме војни. Но, нема да дозволиме нашите интереси грубо да бидат газени и игнорирани – рече шефот на руската дипломатија.

Акумулацијата на десетици илјади руски војници на границите на Украина во изминатите недели ги поттикна стравувањата од евентуална инвазија. Русија негира дека планира напад.

Американскиот претседател Џо Бајден предупреди дека постои можност Русија да ја нападне Украина следниот месец.

САД побараа в понеделник да се одржи седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата со Украина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во случај на договор со Бугарија, Франција ќе организира прва меѓувладина седница на Северна Македонија и ЕУ

Француското Министерство за надворешни работи и Европа се огласи по средбата на шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан со неговиот колега од Северна...

Средба на министерот Шаќири со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска имаше средба со амбасадорката на Романија Адела Моника Аксинте, на која разговарале за унапредување и интензивирање...

Ѓоргиев: Сегашниот пристап од Софија води кон консолидирање на наративите на Тодор Живков

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања денеска продолжува со својата работа, но во една крајно влошена атмосфера по отворањето на Бугарскиот клуб...

Зошто и како странци купуваат недвижности во офшор земји како Дубаи?

Во овие финансиски или даночни раеви инвеститорите се ослободени од даноци и немаат никаква законска обврска да го докажуваат потеклото на своите пари пред...

Превирања во НСДП: Битка за наследник на Тито

Има судир, но не и раскол во НСДП, вели за Фокус се уште актуелниот партиски претседател во заминување Тито Петковски, откако два табори влегоа...