Заменик министерот за транспорт и врски, г. Беким Реџепи денеска оствари работна средба со ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје проф. д-р. Изет Зеќири веднаш му го предаде решението на Министерството за транспорт и врски со кое се овозможува почеток на реструктуирање на објектите во касарната Илинден кои му се доделени на овој универзитет.
Со ова, Универзитетот „Мајка Тереза“ од денеска има целосна сопственост на земјиштето од 50 илјади метри квадратни и шест објекти кои ќе бидат приспособени за потребите на универзитетот.
Во меѓувреме, пред извесно време, со одлука на Владата на Република Северна Македонија, на УМТ беа доделени постоечки капацитети во касарната Илинден кои ќе бидат приспособени на потребите на наставно-научниот кадар и студентите.
Во оваа прилика, ректорот Зеќири во име на раководниот кадар и студентите на УМТ му се заблагодари на заменик министерот Реџепи за посветеноста и забрзувањето на постапките, по што му врачи плакета во знак на благодарност за сиот негов придонес во овој историски ден.
https://www.facebook.com/photo?fbid=426989459375941&set=pcb.426989562709264