15.8 C
Skopje

Продолжува дијалогот меѓу МОН и СОНК

Разговорите застанаа по владиниот предлог за 12-процентно зголемување на платите за наставниците и вработените во градинките. Се бара и решение дали и за колку ќе се продолжи учебната година поради штрајкот.

По мирувањето поради Првомајските празници, продолжува дијалогот меѓу Министерството за образование и СОНК, со медијација.

Разговорите застанаа по владиниот предлог за 12-процентно зголемување на платите за наставниците и вработените во градинките. Се бара и решение дали и за колку ќе се продолжи учебната година поради штрајкот.

Од Државниот испитен центар, пак ја чекаат конечната одлука на министерот за образование за колку дена ќе се продолжи рокот за полагање на практичниот дел од матурскиот испит, кој поради штрајкот на наставниците не успеаја да го положат околу 1.600 матуранти.

Средношколците собираат потписи со барање за укинување на државната матура оваа учебна година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во случај на договор со Бугарија, Франција ќе организира прва меѓувладина седница на Северна Македонија и ЕУ

Француското Министерство за надворешни работи и Европа се огласи по средбата на шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан со неговиот колега од Северна...

Средба на министерот Шаќири со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска имаше средба со амбасадорката на Романија Адела Моника Аксинте, на која разговарале за унапредување и интензивирање...

Ѓоргиев: Сегашниот пристап од Софија води кон консолидирање на наративите на Тодор Живков

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања денеска продолжува со својата работа, но во една крајно влошена атмосфера по отворањето на Бугарскиот клуб...

Зошто и како странци купуваат недвижности во офшор земји како Дубаи?

Во овие финансиски или даночни раеви инвеститорите се ослободени од даноци и немаат никаква законска обврска да го докажуваат потеклото на своите пари пред...

Превирања во НСДП: Битка за наследник на Тито

Има судир, но не и раскол во НСДП, вели за Фокус се уште актуелниот партиски претседател во заминување Тито Петковски, откако два табори влегоа...