30.8 C
Skopje

Преку фејсбук покани не примаме, му одговорија Пановски, Даниловски и Марковски на министерот

Универзитетските професори Наум Пановски, Драган Даниловски и Вело Марковски го одбија министерот за здравство Беким Сали да бидат дел од Комисијата за заразни болести. Министерот Сали оваа покана вчера ја објави преку својот фејсбук-профил. Тоа не се прави преку фејсбук, му порачаа на министерот докторите.

Се знае како се прави тоа, оваа не е начин, одговорија Наум Пановски и Вело Марковски. Даниловски неодамна изјави дека Комисијата треба да носи извршни одлуки, а не заклучоци кои потоа треба да станат извршни со владина одлука.

За начинот на функционирање на Комисијата за заразни болести и Марковски смета дека одлуките на Комисијата треба да бидат задолжителни, а не да биде само советодавно тело на министерот.

Пановски вели дека нема никаков проблем да го советува првиот човек во здравството, но сепак начинот на кој е поканет не заслужува да се коментира. Во комисија на овој начин не се влегува, јавната покана за мене е беспредметна да се коментира, вели Пановски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во случај на договор со Бугарија, Франција ќе организира прва меѓувладина седница на Северна Македонија и ЕУ

Француското Министерство за надворешни работи и Европа се огласи по средбата на шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан со неговиот колега од Северна...

Средба на министерот Шаќири со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска имаше средба со амбасадорката на Романија Адела Моника Аксинте, на која разговарале за унапредување и интензивирање...

Ѓоргиев: Сегашниот пристап од Софија води кон консолидирање на наративите на Тодор Живков

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања денеска продолжува со својата работа, но во една крајно влошена атмосфера по отворањето на Бугарскиот клуб...

Зошто и како странци купуваат недвижности во офшор земји како Дубаи?

Во овие финансиски или даночни раеви инвеститорите се ослободени од даноци и немаат никаква законска обврска да го докажуваат потеклото на своите пари пред...

Превирања во НСДП: Битка за наследник на Тито

Има судир, но не и раскол во НСДП, вели за Фокус се уште актуелниот партиски претседател во заминување Тито Петковски, откако два табори влегоа...