30.8 C
Skopje

Пендаровски и Радев во Софија ќе даваат придонес за надминување на спорот

На тркалезната маса „Пристапувањето на Западниот Балкан кон ЕУ: долга, (не)завршена приказна – Одржливост на македонскиот надворешнополитички курс“, Пендаровски повтори дека стартот на новата фаза од билатералните односи е одличен, но далеку сме сѐ уште од подлабоко навлегување во процесот на решавање на проблемот и негово евентуално позитивно завршување.

„Ќе се обидам многу наскоро да дадам и личен придонес во процесот зашто мислам дека е значајно секоја политичка институција во двете држави да даде придонес. За не повеќе од месец, планираме, договараме со мојот колега Радев официјална посета на Бугарија. Мојот став е дека двајцата претседатели мора да дадат позитивен придонес за успешно завршување на овој процес зашто тоа е стратегиски интерес на двете држави. Убеден сум дека Радев го дели моето мислење“, рече Пендаровски.

Тој ја поздрави и новата методологија, подвлекувајќи дека сепак, сѐ уште сме во иницијална фаза во која двете страни искажуваат добри желби како би сакале да се одвива процесот.

„Мислам дека станува збор за одличен почеток на оваа нова фаза од нашите билатерални односи. Има две нови влади, двајца нови премиери кои не доаѓаат од старата школа, се слуша нова реторика, се чувствува нова енергија, а има и нова методологија – нови работни групи, комисии, наместо лисабонските предлози. Но, морам кристално јасно да кажам, станува збор само за почеток, за иницијална фаза во која двете страни искажуваат добри желби како би сакале процесот да се одвива. Но, далеку сме од подлабоко навлегување во процесот и сѐ уште многу далеку од негово евентуално позитивно завршување“, рече Пендаровски.

Претходно говореше и за проширувањето на ЕУ, нагласувајќи дека поддршката кај граѓаните за овој процес се намалува, не само во земјава, туку и во целиот регион, а антизападната реторика во медиумите во целиот Западен Балкан е во неверојатен пораст и има тенденција да стане доминантна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во случај на договор со Бугарија, Франција ќе организира прва меѓувладина седница на Северна Македонија и ЕУ

Француското Министерство за надворешни работи и Европа се огласи по средбата на шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан со неговиот колега од Северна...

Средба на министерот Шаќири со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска имаше средба со амбасадорката на Романија Адела Моника Аксинте, на која разговарале за унапредување и интензивирање...

Ѓоргиев: Сегашниот пристап од Софија води кон консолидирање на наративите на Тодор Живков

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања денеска продолжува со својата работа, но во една крајно влошена атмосфера по отворањето на Бугарскиот клуб...

Зошто и како странци купуваат недвижности во офшор земји како Дубаи?

Во овие финансиски или даночни раеви инвеститорите се ослободени од даноци и немаат никаква законска обврска да го докажуваат потеклото на своите пари пред...

Превирања во НСДП: Битка за наследник на Тито

Има судир, но не и раскол во НСДП, вели за Фокус се уште актуелниот партиски претседател во заминување Тито Петковски, откако два табори влегоа...