17.8 C
Skopje

Османи најавува дека и С Македонија ќе се приклучи на санкциите кон Русија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во емисија „200“ на ТВ Алсат вечерва дека и Северна Македонија ќе биде дел од санкциите на ЕУ против Русија. Тој нагласи дека од овој конфликт требало да се стравува уште пред две години, откако не бевме дел од НАТО.

Шефот на дипломатијата нагласи и дека во случај на конфликт во Европа, ќе имаме импликации во однос на гасот и нафтата и поскапување на цените.

„Руско-украинскиот конфликт ќе влијае на импликацијата на гасот и нафтата и во Европа ќе има зголемување на цените. Исто така, сакам да додадам дека ние како држава сме дел од санкциите на ЕУ кон Русија и 100% сме во хармонизација со Европската Унија“.

ЕУ денеска попладне едногласно донесе одлука за санкции против Русија по вчерашната одлука на официјална Москва да ја признае независноста на двата сепаратистички региона во источна Украина, Донецк и Луганск.

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел на прес-конференција денеска рече дека санкциите на ЕУ ќе бидат насочени против 27 лица и субјекти. Тој ги спомена руските пратеници кои поддржаа признавање на сепаратистичките региони, како и банки кои ги финансираат носителите на клучните одлуки и нивните операции во Донбас.

Санкции претходно објави и Велика Британија, како и Германија која посочи дека го стопира гасоводот „Северен ток 2“.

Вечерва се огласи и американскиот претседател Џо Бајден кој најави санкции за двете најголеми руски финансиски институции – ВЕБ и Руската воена банка. Покрај тоа, тој најави санкции за руската елита и членови на нивните семејства, како и дека „делови од руската економија ќе бидат отсечени од меѓународните финансиски системи“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во случај на договор со Бугарија, Франција ќе организира прва меѓувладина седница на Северна Македонија и ЕУ

Француското Министерство за надворешни работи и Европа се огласи по средбата на шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан со неговиот колега од Северна...

Средба на министерот Шаќири со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска имаше средба со амбасадорката на Романија Адела Моника Аксинте, на која разговарале за унапредување и интензивирање...

Ѓоргиев: Сегашниот пристап од Софија води кон консолидирање на наративите на Тодор Живков

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања денеска продолжува со својата работа, но во една крајно влошена атмосфера по отворањето на Бугарскиот клуб...

Зошто и како странци купуваат недвижности во офшор земји како Дубаи?

Во овие финансиски или даночни раеви инвеститорите се ослободени од даноци и немаат никаква законска обврска да го докажуваат потеклото на своите пари пред...

Превирања во НСДП: Битка за наследник на Тито

Има судир, но не и раскол во НСДП, вели за Фокус се уште актуелниот партиски претседател во заминување Тито Петковски, откако два табори влегоа...