30.8 C
Skopje

Од денеска нов ковид-протокол во Собранието

Согласно здравствените протоколи од денеска во Собранието новинарите ќе можат да ги следат седниците на собраниските тела во салите каде што се одржуваат, а се враќа во функција Прес-центарот во Парламентот.

За ова вчера на координација претседателот на Собранието Талат Џафери ги известил координаторите на пратеничките групи.

Покрај тоа, се враќа во редовна работа и бифето до Прес-центарот. Дополнително, претседателот на координацијата ги извести присутните и за тоа дека по најновата донесена одлука на Владата за влегување во сила на новите здравствени протоколи за заштита од Ковид-19, и во законодавниот дом се укинува мерката за задолжително носење маски во затворен простор. Сепак, мерката за мерење на телесна температура при влез во Собранието на Република Северна Македонија останува во важност, информираа од Собранието по одржаната координација.

Од собраниската прес-служба соопштија и дека Собранието на 28 април ќе одржи седница на која ќе бидат поставувани пратенички прашања.

-На редовната координација што се одржа во Собранието на Република Северна Македонија, претседателот на Собранието, Талат Џафери, ги информираше присутните за активностите на законодавниот дом во наредните денови. Како прва активност, извести за одржувањето на новата 69. седница на Собранието на Република Северна Македонија на 19.04.2022 година (вторник), со почеток во 11.00 часот. Наредна активност ќе биде пленарната седница на која ќе се поставуваат пратенички прашања, на 28.04.2022 година (четврток), информира собраниската прес-служба.

На дневен ред на 69-та седница се предлог-законот за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за взаемно признавање на одобренија за овластен економски оператор – безбедност и сигурност (ОЕОС), како и предлог-законот за ратификација на Спогодбата за соработка во областа на ветеринарството, безбедноста на храна и на добиточна храна и фитосанитарна област во Западен Балкан.

Пратениците, меѓудругото, ќе расправаат и за предлог-законите за инспекицски надзор во животната средина, како и за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини кои се со европско знаменце.

На дневен ред се и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за установите, и по скратена постапка предлог-законите за изменување на Законот за заштита на децата, за изменување и дополнување на Законот за поштенските услуги, за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, за изменување на Законот за заштита на децата.

Собранието ќе одржи и продолженија на 68-та и 64-та седница.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во случај на договор со Бугарија, Франција ќе организира прва меѓувладина седница на Северна Македонија и ЕУ

Француското Министерство за надворешни работи и Европа се огласи по средбата на шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан со неговиот колега од Северна...

Средба на министерот Шаќири со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска имаше средба со амбасадорката на Романија Адела Моника Аксинте, на која разговарале за унапредување и интензивирање...

Ѓоргиев: Сегашниот пристап од Софија води кон консолидирање на наративите на Тодор Живков

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања денеска продолжува со својата работа, но во една крајно влошена атмосфера по отворањето на Бугарскиот клуб...

Зошто и како странци купуваат недвижности во офшор земји како Дубаи?

Во овие финансиски или даночни раеви инвеститорите се ослободени од даноци и немаат никаква законска обврска да го докажуваат потеклото на своите пари пред...

Превирања во НСДП: Битка за наследник на Тито

Има судир, но не и раскол во НСДП, вели за Фокус се уште актуелниот партиски претседател во заминување Тито Петковски, откако два табори влегоа...