29.8 C
Skopje

Нема договор за повисоки плати, продолжува штрајкот во училиштата и градинките

Во училиштата и градинките ќе се штрајкува петти ден, зашто сѐ уште нема договор за повисоки плати на вработените. МОН вчера повика наставата да продолжи, а паралелно да има преговори, на што СОНК одговори дека без прифатлив предлог и понуден процент за покачување на платите, не може да го прекинат штрајкот.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири рече дека го почитува правото на штрајк, како уставно и законски загарантирано, но дека синдикалното раководство треба да му даде предност на социјалниот дијалог и додека тој трае, редовната настава да продолжи, притоа потсетувајќи на загубеното во изминатите две години поради пандемијата.

– Aпелирам до сите општествени чинители, а особено до СОНК и до наставниците, кога носат одлуки и постапуваат, да се водат од најдобрите интереси на учениците. Да им овозможиме на учениците навремено да ја завршат учебната година и да ја почнат подготовката или реализацијата на веќе зацртаните планови за иднината. Тоа е наша заедничка должност, законска, етичка и морална обврска и верувам дека доколку не од утре, веќе од понеделник воспитно-образовниот процес ќе се нормализира, а со тоа и секојдневното функционирање на многу семејства во чии домови има ученици, истакна Шаќири на прес-конференција пред Владата.

Тој додаде дека со минималната плата ќе се усогласат и сите останати, вклучително и во образованието каде, како што рече, дополнително ќе следува и зголемување за одреден процент за кој во моментов се преговара.

– Дијалогот ќе продолжи сѐ до изнаоѓање конечно и заедничко прифатливо решение за сите засегнати страни. Она што како министер го барам, а верувам дека исто го мислат сите одговорни граѓани, е да ги вратиме учениците во училиште, затоа што не смееме да дозволиме да губат од наставата и учењето. Тоа ќе создаде дополнителни празнини во знаењата кои понатаму тешко или воопшто не се надоместуваат, рече Шаќири.

На апелот на МОН одговори СОНК – очекува  реална и конкретна понуда која членството ќе ја разгледа, а без предлог, штрајкот не може да прекине. Од Владата и надлежните министерства – МОН и МТСП, Синдикатот побара сериозен пристап и волја да понудат соодветен процент на зголемување на платите за вработените во училиштата, градинките и ученичките домови.

– Тежиме кон иста цел, но се движиме по различни патишта. И наша цел е штрајкот побргу да заврши и децата да се вратат во клупите и занималните, но треба да ни се вкрстат патиштата и да има прифатливо решение за штрајкот да прекине. Уверени сме дека го правиме вистинското во интерес на членството. Без прифатлив предлог, практично е невозможно да се прекине штрајкот… дали 18,4 или друг процент, ние мора да имаме понуда, истакна Неделков.

Кој е процентот што би бил „црвена линија“ за СОНК, тој рече дека не може да каже, зашто ни самиот не ја знае и ќе ја одреди членството кое ќе одлучува за секоја понуда што ќе ја добијат. Ако 50 проценти плус еден глас, како што рече, се изјаснат дека е прифатливо како чекор кон подобрување на социјалниот дијалог, но ако нема 50 проценти – нема да прифатат прекин на штрајкот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во случај на договор со Бугарија, Франција ќе организира прва меѓувладина седница на Северна Македонија и ЕУ

Француското Министерство за надворешни работи и Европа се огласи по средбата на шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан со неговиот колега од Северна...

Средба на министерот Шаќири со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска имаше средба со амбасадорката на Романија Адела Моника Аксинте, на која разговарале за унапредување и интензивирање...

Ѓоргиев: Сегашниот пристап од Софија води кон консолидирање на наративите на Тодор Живков

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања денеска продолжува со својата работа, но во една крајно влошена атмосфера по отворањето на Бугарскиот клуб...

Зошто и како странци купуваат недвижности во офшор земји како Дубаи?

Во овие финансиски или даночни раеви инвеститорите се ослободени од даноци и немаат никаква законска обврска да го докажуваат потеклото на своите пари пред...

Превирања во НСДП: Битка за наследник на Тито

Има судир, но не и раскол во НСДП, вели за Фокус се уште актуелниот партиски претседател во заминување Тито Петковски, откако два табори влегоа...