15.8 C
Skopje

МОН, коморите и локалните самоуправи го почнуваат социјалниот дијалог за утврдување на реалните потреби за одредени стручни профили

Бизнис заедницата ја знае важноста на континуираното стекнување на нови знаења и нивно преточување во конкурентна предност. Создавањето квалификувана работна сила е истовремено и највисок државен интерес, затоа што човечкиот капитал е во основа на општествено-економскиот развој. Гледано од оваа перспектива, дијалогот меѓу централната власт, локалните самоуправи и компаниите, што ќе се одвива во следните 20-тина дена, во сите региони во државата, верувам дека ќе резултира со прецизно утврдување на реалните потреби за одредени стручни профили, кои ќе ги отвориме во средните стручни училишта во учебната 2022/2023 година. Ова го рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната средба со претставници на коморите и бизнисот во главниот град.

 

„Среќен сум што во процесот на обезбедување на квалификуван стручен кадар, баран на пазарот на труд, Министерството за образование и наука не е само, туку има безрезервна поддршка од Швајцарската амбасада, Платформата за јавен-приватен дијалог, во која се артикулирани интересите на четирите најголеми стопански комори, а тука се и компаниите и локалните самоуправи. Заеднички и одговорно го прилагодуваме образованието на современите потреби на пазарот на труд и ја враќаме атрактивноста и вредноста на средното стручно образование“, изјави министерот Шаќири.

 

Министерот нагласи дека пред почетокот на социјалниот дијалог, на прашалникот за заинтересираноста на компаниите да учествуваат во креирањето на дуалните паралеки за учебната 2022/23 година, одговориле околу 400 од нив, а дури 90% од компаниите  изразиле подготвеност да примаат ученици на пракса кај нив.

 

„На денешнава средба во Скопје ќе ги слушнеме барањата на компаниите за струките што им се потребни и ќе ги утврдиме можностите за нивно воспоставување од идната учебна година во средните стручни училишта. Наша цел е што поголем број компании да се вклучат во дуалното образование кое, низ практична работа ги подготвува средношколците директно да се вклучат во работа во позната работна средина. Освен зголемување на вработливоста на младите, средното стручно образование е проодно и кон високото образование“, укажа министерот.

 

Ова е втора година МОН да иницира дијалог на локално ниво, насочен кон унапредување на средното стручно образование.  Во учебната 2021/22 година бројот на дуални паралелки од 11 се зголеми на 97, со вклучени над 200 компании. Во дуални паралелки се запишаа 1.400 ученици, додека збирно во средно техничко образование се запишаа за 6% повеќе ученици во однос на минатата учебна година. МОН, како дополнителен стимул за учениците запишани во дуалните паралелки во средните училишта, утврди месечна стипендија во висина од 3.500 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во случај на договор со Бугарија, Франција ќе организира прва меѓувладина седница на Северна Македонија и ЕУ

Француското Министерство за надворешни работи и Европа се огласи по средбата на шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан со неговиот колега од Северна...

Средба на министерот Шаќири со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска имаше средба со амбасадорката на Романија Адела Моника Аксинте, на која разговарале за унапредување и интензивирање...

Ѓоргиев: Сегашниот пристап од Софија води кон консолидирање на наративите на Тодор Живков

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања денеска продолжува со својата работа, но во една крајно влошена атмосфера по отворањето на Бугарскиот клуб...

Зошто и како странци купуваат недвижности во офшор земји како Дубаи?

Во овие финансиски или даночни раеви инвеститорите се ослободени од даноци и немаат никаква законска обврска да го докажуваат потеклото на своите пари пред...

Превирања во НСДП: Битка за наследник на Тито

Има судир, но не и раскол во НСДП, вели за Фокус се уште актуелниот партиски претседател во заминување Тито Петковски, откако два табори влегоа...