15.8 C
Skopje

Милановиќ: Треба да почнеме да градиме систем за противвоздушна одбрана

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ на денешната прес, одржана по средбата со врвот на Хрватската војска и безбедносните и разузнавачките агенции претходно, ја потенцираше потребата од изградба на систем за противвоздушна одбрана.

Тема на денешната средба и прес-конференцијата што следеше беше беспилотното летало што минатата недела се урна во Загреб, а за кое министерот за одбрана вчера рече дека на него се пронајдени делови од авиобомба. Милановиќ денеска не откри детали за леталото, па ниту дали дронот со големина на авион носел бомба.

Милановиќ, како што пренесува ХРТ порача дека е мала веројатноста ваков инцидент да се повтори и оти јавноста во овој момент е безбедна.

Милановиќ рече дека истрагата е во тек што се однесува до природата на леталото и соопшти дека нема да зборува за детали.

Тој рече дека треба да почне изградбата на хрватскиот систем за противвоздушна одбрана, за чии недостатоци, како што рече, предупредил уште пред два-три месеци.

– Сега е вистинското време, и тоа брзо – не итно, бидејќи вакво нешто веројатно нема да се повтори, но ги видовме сите недостатоци што постојат и фактот дека можеме да се потпреме на НАТО, но дека ваков вид на одлуки, ние носиме, изјави Милановиќ.

– Сите научивме нешто од ова. Ние сме членка на НАТО, би рекол, цврсти и лојални, но на крајот на краиштата само ние се грижиме за сопствената безбедност. И затоа очекувам итно да се изнајдат соодветни средства кои се неспоредливо помали од оние што ги одвоивме и ќе ги издвоиме за борбени авиони, за овие системи да се зајакнат што е можно поскоро. Потоа во некој среднорочен период, без премногу компликации во јавните набавки, бидејќи тоа не се европски фондови, за потребите на хрватската национална безбедност и одбрана и системите за противвоздушна одбрана да се набават соодветни системи, рече Милановиќ, додавајќи дека тие не се гаранција за апсолутна безбедност, но осигуруваат одредено нивоа на безбедност. Затоа што не постои апсолутна безбедност, рече Милановиќ.

Тој побара „сите што имаат оперативно техничко знаење од истрагата да молчат за тоа“.

На прашањето дали леталото имало авиобомба или бомба за самоуништување, тој одговори дека за тоа треба да го прашаат министерот за одбрана Марио Баножиќ, додавајќи дека тоа не е тема за која јавно се зборува.

Сепак, на инсистирање на новинарите дали дронот носел бомба или не, тој одговори дека не може да каже. – Не можам со сигурност да ви кажам дали тој дрон долетал од украинските сили. Не можеме да бидеме целосно сигурни. Тоа веројатно никогаш нема да го дознаеме, рече Милановиќ.

На 10 март во Загреб се урна беспилотно летало, „Сите надлежни служби беа вклучени веднаш по падот на беспилотно летало од воен тип, кое според досега собраните податоци, навлезе во хрватскиот воздушен простор од исток кон запад, односно од унгарскиот воздушен простор, со брзина од 700 км/ч на височина од 1.300 м“, јави тогаш хрватската Влада.

– Не добивме никаква дојава. Објектот летал над Унгарија повеќе од 40 минути, во Хрватска летал помалку од седум минути и паднал во областа Јарун, во Загреб, за среќа без жртви. Ова е сериозен инцидент и ние така се однесуваме кон него. Ова е сериозен инцидент. Треба да се утврди како е можно беспилотно летало од шест тони со големина на авион да „помине повеќе од еден час над членка на НАТО, а никој да не го забележи“., рече тогаш Милановиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во случај на договор со Бугарија, Франција ќе организира прва меѓувладина седница на Северна Македонија и ЕУ

Француското Министерство за надворешни работи и Европа се огласи по средбата на шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан со неговиот колега од Северна...

Средба на министерот Шаќири со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска имаше средба со амбасадорката на Романија Адела Моника Аксинте, на која разговарале за унапредување и интензивирање...

Ѓоргиев: Сегашниот пристап од Софија води кон консолидирање на наративите на Тодор Живков

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања денеска продолжува со својата работа, но во една крајно влошена атмосфера по отворањето на Бугарскиот клуб...

Зошто и како странци купуваат недвижности во офшор земји како Дубаи?

Во овие финансиски или даночни раеви инвеститорите се ослободени од даноци и немаат никаква законска обврска да го докажуваат потеклото на своите пари пред...

Превирања во НСДП: Битка за наследник на Тито

Има судир, но не и раскол во НСДП, вели за Фокус се уште актуелниот партиски претседател во заминување Тито Петковски, откако два табори влегоа...