17.8 C
Skopje

Метеоролозите со ново предупредување: Очекувајте нов студен бран – познато кога ќе вее снег

Времето денес претпладне ќе биде со умерена до значителна облачност, освен на запад каде ќе преовладува сончево време. Попладне облачноста ќе се намали. Вдолж Повардарието и во источните делови ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утре кон крајот на денот и во сабота претпладне претежно во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Во сабота ќе дува засилен северен ветер, што повторно ќе ја намали дневната температура. Нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во вторник.

Прогноза за 29.01.2022
Минимална температура: -6°C до 3°C Максимална температура: 0°C до 7°C

Прогноза за 30.01.2022
Минимална температура: -9°C до -2°C Максимална температура: 3°C до 10°C

Прогноза за 31.01.2022
Минимална температура: -6°C до 2°C Максимална температура: 4°C до 10°C

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во случај на договор со Бугарија, Франција ќе организира прва меѓувладина седница на Северна Македонија и ЕУ

Француското Министерство за надворешни работи и Европа се огласи по средбата на шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан со неговиот колега од Северна...

Средба на министерот Шаќири со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска имаше средба со амбасадорката на Романија Адела Моника Аксинте, на која разговарале за унапредување и интензивирање...

Ѓоргиев: Сегашниот пристап од Софија води кон консолидирање на наративите на Тодор Живков

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања денеска продолжува со својата работа, но во една крајно влошена атмосфера по отворањето на Бугарскиот клуб...

Зошто и како странци купуваат недвижности во офшор земји како Дубаи?

Во овие финансиски или даночни раеви инвеститорите се ослободени од даноци и немаат никаква законска обврска да го докажуваат потеклото на своите пари пред...

Превирања во НСДП: Битка за наследник на Тито

Има судир, но не и раскол во НСДП, вели за Фокус се уште актуелниот партиски претседател во заминување Тито Петковски, откако два табори влегоа...