15.8 C
Skopje

Кризите покажаа колку е важна регионалната соработка

Во својство на ко-претседател на Коморскиот инвестициски форум – КИФ, претседателот на СКСМ Бранко Азески, на работен ручек со претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, разговараше за клучните прашања поврзани со регионалната економска соработка, и перспективите за продолжувањето на процесот на воспоставувањето на заедничкиот регионален пазар на Западен Балкан, кој во изминатата година не се реализираше со посакуваната динамика, известија од Комората.

 

Средбата е во пресрет на состанокот на Бизнис Платформата Западен Балкан-ЕУ (основана со цел да обезбедува континуиран и структуриран дијалог меѓу носителите на одлуки на ЕУ и бизнис заедницата од регионот), кој Коморскиот инвестициски форум го организира следната недела во Брисел, во присуство на комесарот Вархеји и различните директорати во Европската комисија, претставници на Регионалниот совет за Соработка, Секретаријатот на ЦЕФТА, Транспортната заедница и Еурочембрес. На состанокот ќе се дискутира за клучните очекувања и барања на бизнис заедницата од регионот, по една ипол година од спроведувањето на Акцискиот план за заеднички регионален пазар.

Претседателот Азески го информираше претседателот Ѓукановиќ и за активностите во рамки на Регионалниот фонд за предизвици, и вториот повик за доставување на апликации кој беше затворен минатата недела, а кој во рамки на КИФ е координиран до Стопанската комора на Црна Гора.

Во следниот период Коморскиот инвестициски форум ќе ги продолжи активностите на Регионалната програма за добавувачи, при што за селектирани компании од регионот ќе биде понудена техничка помош за дигитализација и за пристап до финансии, во насока на зголемување на нивните капацитети и полесно вклучување во регионалните и глобалните ланци на снабдување, за компаниите кои се дел од базата на добавувачи во платформата која ја изготви КИФ (market-access.wb6cif.eu).Во текот на месец мај ќе биде одржана и регионалната конференција и Б2Б средби „Креирање на заеднички туристички производ“ во Требиње, Босна и Херцеговина. Во текот на следниот месец ќе биде распишан и повикот за Регионалните награди кои Коморскиот инвестициски форум ги доделува за компаниите кои придонесуваат за унапредување на регионалната соработка во Западен Балкан, и со своето работење поставуваат нови стандарди на полето на дигитализацијата, иновациите и технолошкиот напредок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во случај на договор со Бугарија, Франција ќе организира прва меѓувладина седница на Северна Македонија и ЕУ

Француското Министерство за надворешни работи и Европа се огласи по средбата на шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан со неговиот колега од Северна...

Средба на министерот Шаќири со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска имаше средба со амбасадорката на Романија Адела Моника Аксинте, на која разговарале за унапредување и интензивирање...

Ѓоргиев: Сегашниот пристап од Софија води кон консолидирање на наративите на Тодор Живков

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања денеска продолжува со својата работа, но во една крајно влошена атмосфера по отворањето на Бугарскиот клуб...

Зошто и како странци купуваат недвижности во офшор земји како Дубаи?

Во овие финансиски или даночни раеви инвеститорите се ослободени од даноци и немаат никаква законска обврска да го докажуваат потеклото на своите пари пред...

Превирања во НСДП: Битка за наследник на Тито

Има судир, но не и раскол во НСДП, вели за Фокус се уште актуелниот партиски претседател во заминување Тито Петковски, откако два табори влегоа...