30.8 C
Skopje

Конференција за градење доверба, заедништво и сојузништво меѓу Македонија и Бухгарија

Конференцијата БГМК 2030 „Граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво“ денеска ќе се одржи на Американски Универзитет на Европа – ФОН. Конференцијата ќе ја отворат премиерот Димитар Ковачевски и известувачот на Европскиот парламент за земјава, Илхан Ќучук.

Организатор е Renew Europe и АУЕ-ФОН во соработка и со учество на претставници од локалната самоуправа и граѓанскиот сектор од Македонија и Бугарија.

На отворањето на конференцијата ќе се обрат и ректорот на Американски Универзитет на Европа – ФОН проф. д-р Билјана Пулеска Јанушевска и проректорот на ВТУ „Кирил и Методиj“ од Велико Трново, проф. д-р Милко Палангурски.

На панелот „За доверба во меѓусебните односи – можности и перспективи“ ќе учествуваат претседателот на Американскиот Универзитет на Европа – ФОН, Сефер Цановски, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, градоначалникот на бугарската општина Белица, Радослав Ревански, потпретседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Чаир Висар Ганиу, членот на УО на ЗЕЛС и градоначалник на Струмица Костадин Костадинов, градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски и извршен директор на ЗЕЛС Душица Перишиќ.

Свој коментар на оваа тема ќе има и Ангел Ангелов, амбасадорот на Република Бугарија во Скопје.

На вториот панел, насловен „Преку граѓанска соработка до заедништво и сојузништво“ ќе учествуваат Моника Зајкова, пратеничка и претседателка на Клубот на млади во Собранието, Андреј Стојкоски, член на Управниот одбор на Националниот младински совет на Македонија, Лука Павиќевиќ, претседател на Сојузот на средношколци на РС Македонија, проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на УО на Меѓународниот Славјански Универзитет од Св. Николе, Петар Колев, претседател на Граѓанско демократска унија и Маринела Величкова, дописник на БТА од Скопје.

На овој панел ќе се приклучи и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Пред медиумите ќе бидат презентирани и резултати од конкурсот за раскази „Бугарија и Македонија – блиските далечни “ од страна на Ангел Јанчев – директорот на СУ „Вела Благоева”.

Планирана е посета на училиште во Чаир со цел соработка на училишта во двете држави во присуство на вицепремиерот за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и Висар Ганиу, градоначалникот на Чаир.

Ќе се одржи и вонредно предавање на студентите по меѓународни односи на АЕУ-ФОН од страна на Илхан Ќучук.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во случај на договор со Бугарија, Франција ќе организира прва меѓувладина седница на Северна Македонија и ЕУ

Француското Министерство за надворешни работи и Европа се огласи по средбата на шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан со неговиот колега од Северна...

Средба на министерот Шаќири со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска имаше средба со амбасадорката на Романија Адела Моника Аксинте, на која разговарале за унапредување и интензивирање...

Ѓоргиев: Сегашниот пристап од Софија води кон консолидирање на наративите на Тодор Живков

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања денеска продолжува со својата работа, но во една крајно влошена атмосфера по отворањето на Бугарскиот клуб...

Зошто и како странци купуваат недвижности во офшор земји како Дубаи?

Во овие финансиски или даночни раеви инвеститорите се ослободени од даноци и немаат никаква законска обврска да го докажуваат потеклото на своите пари пред...

Превирања во НСДП: Битка за наследник на Тито

Има судир, но не и раскол во НСДП, вели за Фокус се уште актуелниот партиски претседател во заминување Тито Петковски, откако два табори влегоа...