30.8 C
Skopje

Ковачевски: Управни одбори на јавни претпријатија генерираат загуби, а имаат повисоки плати од претседателот

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски истакна дека е отпочнат процес за реформа во администрацијата и дека веќе има пилот министерства каде што ќе започне реорганизација и унапредување на процесите.

– Веќе е отворен процес на усогласување на општиот колективен договор со цел за дефинирање прво на износ на средства кои што ќе бидат искористени за зголемување на платите, како и нова методологија за порастот на платите која што ќе овозможи и зголемување на продуктивноста во јавниот сектор – рече Ковачевски во интервју за ТВ 21.

Тој дополни дека ова не значи загуба на работното место, туку оптимизација, унапредување на работењето, вреднување на најдобрите, зголемување на перформансите. Ковачевски нагласи дека заедно со процесот за постигнување на нов општ колективен договор се работи и на подготовка на нов закон за платите во јавен сектор.

– Имаме членови на управни одбори што генерираат загуби, а коишто имаат поголеми плати од Претседателот на држава, од претседателот на Врховен суд и од претседателот на Владата. Јас како претседател на Владата побарав да ги достават менаџерските договори кои што ги имаат јавните претпријатија и добивме одговор дека тие биле строго доверливи менаџерски договори. Затоа на Комисија за економски систем на Владата доби задача да ги обезбеди овие договори со јасна задача во период до крајот на годината да се изработи закон за плати, со сите потребни консултации, во кои ќе се знае во јавниот сектор која е највисоката плата и потоа да бидат усогласени другите плати – посочи премиерот Ковачевски.

Тој дополни дека ова е начин применет во многу европски држави.

– Постои една голема неконзистентност кај платите кај раководниот кадар, меѓутоа и кај вработените во различни министерства. Се користат неревидираните општи колективни договори на различни гранкови синдикати коишто на различен начин ги дефинираат платите. Тоа треба да биде усогласено бидејќи е добро и за вработените, меѓутоа е добро и за зголемувањето на нивото на услуги кои ги даваат на граѓаните. Да не заборавиме платата во јавниот сектор ја плаќаат луѓето од приватниот сектор. Ние имаме 435 илјади вработени во приватниот сектор, кој што им плаќаат плата на 132 илјади од јавниот сектор – посочи премиерот Ковачевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во случај на договор со Бугарија, Франција ќе организира прва меѓувладина седница на Северна Македонија и ЕУ

Француското Министерство за надворешни работи и Европа се огласи по средбата на шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан со неговиот колега од Северна...

Средба на министерот Шаќири со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска имаше средба со амбасадорката на Романија Адела Моника Аксинте, на која разговарале за унапредување и интензивирање...

Ѓоргиев: Сегашниот пристап од Софија води кон консолидирање на наративите на Тодор Живков

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања денеска продолжува со својата работа, но во една крајно влошена атмосфера по отворањето на Бугарскиот клуб...

Зошто и како странци купуваат недвижности во офшор земји како Дубаи?

Во овие финансиски или даночни раеви инвеститорите се ослободени од даноци и немаат никаква законска обврска да го докажуваат потеклото на своите пари пред...

Превирања во НСДП: Битка за наследник на Тито

Има судир, но не и раскол во НСДП, вели за Фокус се уште актуелниот партиски претседател во заминување Тито Петковски, откако два табори влегоа...