30.8 C
Skopje

Ковачевски денеска ќе се смирува со Петков во Александрополис

Денеска во грчкиот град Александрополис ќе биде означен старт на изградбата на гасоводот преку кој и Македонија ќе биде поврзана со терминалот за течен нафтен гас.

На настанот покрај грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, ќе присуствуваат и македонскиот Димитар Ковачевски и бугарскиот Кирил петков чии земји исто така имаат удели во изградбата на гасоводот. Најавено е дека ќе присуствува и српскиот претседател Александар Вучиќ  Според владината најава, предвидено е Ковачевски да се обрати на свечената церемонија.

Ковачевски ќе има прилика да се сретне со Петков прв пат по тензичното отворање на клубот во центарот „Иван Михајлов“. по овој настан Ковачевски во Собранието рече дека бил вознемирен од името кое го носи клубот на нацистички колаборационист.

Терминалот за складирање течен гас во Александруполис чини 400 милиони евра. Се состои од пловечки објект каде ќе се чува енергенсот кој таму во течна состојба ќе стига со бродови цистерни. Ќе се преработува во гас, па ќе се пушта во употреба во регионот. 

Земјава потпиша меморандуми за да располага со 10% од акциите во овој терминал, но за гасот да стигне довде треба да заврши изгрдбата на гасоводот во земјава.

Во состав на Владината делегација предводена од премиерот Ковачевски, ќе присуствуваат и вицепремиерот за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, како и министерот за економија Крешник Бектеши.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во случај на договор со Бугарија, Франција ќе организира прва меѓувладина седница на Северна Македонија и ЕУ

Француското Министерство за надворешни работи и Европа се огласи по средбата на шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан со неговиот колега од Северна...

Средба на министерот Шаќири со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска имаше средба со амбасадорката на Романија Адела Моника Аксинте, на која разговарале за унапредување и интензивирање...

Ѓоргиев: Сегашниот пристап од Софија води кон консолидирање на наративите на Тодор Живков

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања денеска продолжува со својата работа, но во една крајно влошена атмосфера по отворањето на Бугарскиот клуб...

Зошто и како странци купуваат недвижности во офшор земји како Дубаи?

Во овие финансиски или даночни раеви инвеститорите се ослободени од даноци и немаат никаква законска обврска да го докажуваат потеклото на своите пари пред...

Превирања во НСДП: Битка за наследник на Тито

Има судир, но не и раскол во НСДП, вели за Фокус се уште актуелниот партиски претседател во заминување Тито Петковски, откако два табори влегоа...