Агенцијата Европа Избира (Europe Elects), позната по пренесување на најновите резултати од анкетите низ цела Европа, ја анализира анкетата на ИПИС која покажува големо водство на ДУИ пред другите албански парти.
Европската агенција ги обработува податоците и пренесува дека, според нив, ДУИ на следните избори ќе освои 13.4 проценти од гласовите, наспроти само 7,1 проценти за АА. ДУИ бележи скок од скоро 1.9 проценти во однос на изборите во 2020 година, додека АА паднале за скоро 1.8 проценти од 2020. Новата анкета на ИПИС беше спроведена теренски на почетокот на мај на 1,111 испитаници.