Околу 6.500 луѓе се евакуирани од своите домови во градот Винстон-Салем, затвореници од блискиот затвор и студенти од кампус, откако избувна пожар во фабрика за вештачко ѓубриво.
Причината за пожарот не е позната, но властите предупредија на зголемена закана, бидејќи во фабриката има од 300 до 600 тони амониум нитрат.
Досега се евакуирани речиси 2.500 домови, како и 220 затвореници од затворот Форсајт и студенти од кампусот на Универзитетот Вејк Форест.
Универзитетот ја откажа денешната настава и отвори уште три кампуси за да ги заштити студентите.
Затворениците биле префрлени во поправен дом во Тејлорсвил, додека градот отворил објект на саемот во Винстон-Салем, каде што се засолниле евакуираните граѓани.