15.8 C
Skopje

Естонската премиерка загрижена: Путин не смее да победи

Рускиот претседател Владимир Путин не смее да победи во оваа војна, изјави денеска естонската премиерка Каја Калас, додавајќи дека е вознемирувачки да се види што прави Русија во Украина.

Се обидуваме да направиме се што можеме за да ја поддржиме и помогнеме Украина да се бори во оваа војна. Путин не смее да победи во оваа војна, истакна Калас за Си Ен Ен.

Премиерката на Естонија, кој ќе присуствува на претстојниот самит на НАТО, рече дека стратегијата на Алијансата треба да се фокусира на завршување на војната со употреба на „паметна воздржаност“, што значи дека НАТО треба да премине од „ставот на одвраќање“ на безбеден став на „одбранбена позиција“.

Како што истакна таа, тоа ќе ги охрабри земјите-членки на НАТО да придонесат за зајакнување на одбраната на секоја нација и конечно на Алијансата во целина и фокусирање на соработката.

Постојат одредени можности кои се премногу скапи за која било земја, но ако ги направиме заедно овде во Европа за да ги заштитиме нашите територии, ние сме посилни, нагласи Калас, додавајќи дека земјите-членки на НАТО треба да почнат да ја изолираат Русија на сите можни политички нивоа.

На прашањето за предлогот на Полска за испраќање мировници во Украина, Калас одговори дека прво мора да се постигне мир, но Русија не покажува никаква намера да се дојде до тоа.

Таа, исто така, изјави дека не гледа можност за трета светска војна во Европа и дека треба да се направат напори да се стави крај на оваа војна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во случај на договор со Бугарија, Франција ќе организира прва меѓувладина седница на Северна Македонија и ЕУ

Француското Министерство за надворешни работи и Европа се огласи по средбата на шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан со неговиот колега од Северна...

Средба на министерот Шаќири со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска имаше средба со амбасадорката на Романија Адела Моника Аксинте, на која разговарале за унапредување и интензивирање...

Ѓоргиев: Сегашниот пристап од Софија води кон консолидирање на наративите на Тодор Живков

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања денеска продолжува со својата работа, но во една крајно влошена атмосфера по отворањето на Бугарскиот клуб...

Зошто и како странци купуваат недвижности во офшор земји како Дубаи?

Во овие финансиски или даночни раеви инвеститорите се ослободени од даноци и немаат никаква законска обврска да го докажуваат потеклото на своите пари пред...

Превирања во НСДП: Битка за наследник на Тито

Има судир, но не и раскол во НСДП, вели за Фокус се уште актуелниот партиски претседател во заминување Тито Петковски, откако два табори влегоа...