15.8 C
Skopje

ДУИ: Поддршка за Украина, осуда за одобрувањето на руската агресија од маргинални елементи во земјава

Демократската Унија за Интеграција со внимание ги следи состојбите во и околу Украина и ги осудува последните одлуки на официјална Москва за одвојување на териториите околу Донбас и Луганск од Украина и нивно ставање под руска власт.

Со тоа сметаме дека се нарушува Договорот од Минск, се минираат разговорите во Нормандскиот формат, и се загрозуваат напорите за дипломатско решение на кризата.

Ние во целост го поддржуваме територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, во нејзините меѓународно признати граници.

Единствени што ќе ги сметаме за успех е суштинска де-ескалација на состојбите, што можат да се постигнат само со повлекување на натрупаните воени сили на Руската федерација околу Украина.

Сакаме да потенцираме дека овие политички ставови преставуваат дел и од генералниот курс на земјата и нејзините стратешки интереси како членка на Северно-атлантската алијанса.

Оттука би сакале да ги осудиме сите повици од политичките групации во земјава, нивните коалициоми партнери и стратешки соработници, како и поединци кои ги преставуваат, со кои се одобрува агресивното и непријателско однесување на Русија и се охрабруваат нејзините постапки.

Тоа не само што не е соодветно за нашата евроатланска ориентација, туку сметаме преставува и дел од хибридните активности на надворешни фактори за да ја минираат нашата определба, создавајќи раздор во политичкото ткиво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во случај на договор со Бугарија, Франција ќе организира прва меѓувладина седница на Северна Македонија и ЕУ

Француското Министерство за надворешни работи и Европа се огласи по средбата на шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан со неговиот колега од Северна...

Средба на министерот Шаќири со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска имаше средба со амбасадорката на Романија Адела Моника Аксинте, на која разговарале за унапредување и интензивирање...

Ѓоргиев: Сегашниот пристап од Софија води кон консолидирање на наративите на Тодор Живков

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања денеска продолжува со својата работа, но во една крајно влошена атмосфера по отворањето на Бугарскиот клуб...

Зошто и како странци купуваат недвижности во офшор земји како Дубаи?

Во овие финансиски или даночни раеви инвеститорите се ослободени од даноци и немаат никаква законска обврска да го докажуваат потеклото на своите пари пред...

Превирања во НСДП: Битка за наследник на Тито

Има судир, но не и раскол во НСДП, вели за Фокус се уште актуелниот партиски претседател во заминување Тито Петковски, откако два табори влегоа...