30.8 C
Skopje

ДУИ: Лажните вести на ВМРО имаат за цел да ги срушат достигнувањата на Албанците

ВМРО-ДПМНЕ ја продолжува кампањата на неоснована медиумска пропаганда со лажни вести кои имаат за цел институционална дефакторизација на Албанците во земјава, непочитување на вредностите на еднаквоста и дефокусирање на јавноста од приоритетите на развојот и евроинтеграциите.

Сите наводи на овој опозициски субјект се веќе со факти демантирани и за ова јавноста е транспарентно информирана. Во врска со неоснованите и тенденциозни наводи за неправилности во користењето на електричната енергија во домот на претседателот Али Ахмети, на 27 септември 2021 година од ЕВН официјално соопштија дека инспекцијата не констатирала ниту една неправилност.

Во однос на „машината за броење пари“, јавноста веќе знае дека сликата на претседателот Али Ахмети е направена во една канцеларија на едно претпријатие во Република Косово и оваа го потврдија и челниците на таа компанија.

Јавноста смета дека е иронично ВМРО да зборува за корумпираност на другите кога фактите говорат сами за себе, а граѓаните се веќе целосно свесни.

Сите неосновани обвинувања, но и последователните напади на Демократската Унија за Интеграција не покажуваат ништо друго освен неспособноста на ВМРО да ја промени реалноста и чекорењето на државата кон еден подобар развој, за кои ставот на ДУИ со целосен легитимитет од народот уште од нејзиното основање беше да се обезбеди проевропска иднина на земјата и вредности на европската демократија за општество кои нудат еднакви можности за сите.

Сосема е јасно дека ВМРО не сака силна Албанска партија која ја факторизира државата, која е максимално посветена на одржувањето на проевропскиот дух, туку сака свои соработници и аргати заедно со Левица во своите антиалбански ставови, во ставовите против Охридскиот Рамковен Договор, против Преспанскиот договор, против договорот за добрососедство, што јасно се докажа преку неуспешната пуч-коалиција „61“.

На ВМРО мора да и стане јасно дека веќе 20 години постигнатите успеси кои ја направија оваа земја огниште на вистинска демократија, не се само успеси на ДУИ, туку и на сите граѓани на Република Северна Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во случај на договор со Бугарија, Франција ќе организира прва меѓувладина седница на Северна Македонија и ЕУ

Француското Министерство за надворешни работи и Европа се огласи по средбата на шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан со неговиот колега од Северна...

Средба на министерот Шаќири со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска имаше средба со амбасадорката на Романија Адела Моника Аксинте, на која разговарале за унапредување и интензивирање...

Ѓоргиев: Сегашниот пристап од Софија води кон консолидирање на наративите на Тодор Живков

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања денеска продолжува со својата работа, но во една крајно влошена атмосфера по отворањето на Бугарскиот клуб...

Зошто и како странци купуваат недвижности во офшор земји како Дубаи?

Во овие финансиски или даночни раеви инвеститорите се ослободени од даноци и немаат никаква законска обврска да го докажуваат потеклото на своите пари пред...

Превирања во НСДП: Битка за наследник на Тито

Има судир, но не и раскол во НСДП, вели за Фокус се уште актуелниот партиски претседател во заминување Тито Петковски, откако два табори влегоа...