30.8 C
Skopje

Димитриевски: Децата да ги учиме на вистинските вредности секогаш се изградуваат во силни и одговорни личности

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски информираше дека
во текот на вчерашниот ден, учениците од основните и средните училишта
од Куманово со различни активности се вклучија во големата еко акција по
повод Денот на пролетта и екологијата 21 март.
„Големо браво за учениците од основните и средните училишта во Куманово
кои во огромен број на различен начин се вклучија во големата еко акција
по повод Денот на пролетта и екологијата 21 март на ниво на целата
општина. Горди сме на Вашата мотивација, еколошка свест и посветеност за
зачувување на животната средина.Децата кои од најмали нозе ги учиме на вистински вредности, за грижа кон најблиските и пријателите, за одговорно учество во општественото живеење и за грижа кон животната средина секогаш се изградуваат во силни и одговорни личности. Упатувам голема благодарност до наставниот кадар и сите учесници во

воспитно-образовниот процес кој секојдневно неуморно се трудат да
создадат образована и одговорна младина која е гордост на нашата држава
и нашиот народ“, рече Димитриевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во случај на договор со Бугарија, Франција ќе организира прва меѓувладина седница на Северна Македонија и ЕУ

Француското Министерство за надворешни работи и Европа се огласи по средбата на шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан со неговиот колега од Северна...

Средба на министерот Шаќири со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска имаше средба со амбасадорката на Романија Адела Моника Аксинте, на која разговарале за унапредување и интензивирање...

Ѓоргиев: Сегашниот пристап од Софија води кон консолидирање на наративите на Тодор Живков

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања денеска продолжува со својата работа, но во една крајно влошена атмосфера по отворањето на Бугарскиот клуб...

Зошто и како странци купуваат недвижности во офшор земји како Дубаи?

Во овие финансиски или даночни раеви инвеститорите се ослободени од даноци и немаат никаква законска обврска да го докажуваат потеклото на своите пари пред...

Превирања во НСДП: Битка за наследник на Тито

Има судир, но не и раскол во НСДП, вели за Фокус се уште актуелниот партиски претседател во заминување Тито Петковски, откако два табори влегоа...