30.8 C
Skopje

Груби оствари средба со германските пратеници Петри и Мијатовиќ: Германија го поддржува процесот на интеграција

Скопје, 5 февруари – Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби денес оствари средба со германските пратениците Кристијан Петри (СПД), Борис Мијатовиќ од (Die Grünen) како и директорот на ФЕС во Скопје, Рене Шли.

Спорот со Бугарија и решавањето на овој проблем беше дел од разговорот меѓу Груби и германските пратеници Петри и Мијатовиќ.

На оваа средба соговорниците размениja мислења и за подготвеноста на страните за постигнување еден достоинствен компромис меѓу двете земји.

Скопје и Софија водат конструктивен дијалог преку работни групи за да се постигне компромис кој нема да влијае на ниту една страна и би го овозможил очекуваниот чекор за земјата да може да добие датум за почеток на преговорите со Европската Унија.

Интеграцијата во Европската Унија и патот полн со предизвици на Република Северна Македонија беа и дел од дискусијата на оваа средба.

Германските пратеници ја изразија безрезервната поддршка на германската држава го дава во овој поглед, додека првиот вицепремиер Груби изрази благодарност до Германија што договорот на новата владина коалиција во Берлин ја вклучува интеграција на Западниот Балкан во Европската Унија, со посебен акцент за Република Северна Македонија и Република Албанија.

Груби на оваа средба им се заблагодари на германските пратеници за големата поддршка што Германија и ја дава на нашата земја на европскиот пат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во случај на договор со Бугарија, Франција ќе организира прва меѓувладина седница на Северна Македонија и ЕУ

Француското Министерство за надворешни работи и Европа се огласи по средбата на шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан со неговиот колега од Северна...

Средба на министерот Шаќири со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска имаше средба со амбасадорката на Романија Адела Моника Аксинте, на која разговарале за унапредување и интензивирање...

Ѓоргиев: Сегашниот пристап од Софија води кон консолидирање на наративите на Тодор Живков

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања денеска продолжува со својата работа, но во една крајно влошена атмосфера по отворањето на Бугарскиот клуб...

Зошто и како странци купуваат недвижности во офшор земји како Дубаи?

Во овие финансиски или даночни раеви инвеститорите се ослободени од даноци и немаат никаква законска обврска да го докажуваат потеклото на своите пари пред...

Превирања во НСДП: Битка за наследник на Тито

Има судир, но не и раскол во НСДП, вели за Фокус се уште актуелниот партиски претседател во заминување Тито Петковски, откако два табори влегоа...