15.8 C
Skopje

Голема промени во Владата во Софија: Се менува министерката за надворешни?! – дали причината е Македонија?

Бугарија за неколку дена ќе има нов министер за надворешни работи, пишува во новиот број бугарскиот неделник „Галерија“, повикувајќи се на „одлично информирани исвори“, пренесуваат Факти.бг.

Причините за повлекувањето на Теодора Генчовска биле „целосната некомпетентност и отсуството на елементарни познавања на дипломатијата и протоколот„, пишува неделникот.

Со најголеми шанси за нејзина наследничка била Весела Чернева, актуелна советничка на премиерот Кирил Петков. На Има таков народ, чиј претставник е Генчовска, ќе и биде предложено да замине како постојан претставник во НАТО.

Со помали шанси од тие на Чернева била актуелната заменик министерка за надворешни работи Велислава Петрова, пишува неделникот.

Симптоматично е што овие големи промени во Владата во Софија се случуваат во моменти кога бугарската и македонската Влада преговараат за решавање на идентитетскиот спор за Македонците па логично се поставува прашањето дали промената е резултат на тврдиот став на партија на „Има таков народ“ на Слави Трифонов по однос на спорот со Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во случај на договор со Бугарија, Франција ќе организира прва меѓувладина седница на Северна Македонија и ЕУ

Француското Министерство за надворешни работи и Европа се огласи по средбата на шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан со неговиот колега од Северна...

Средба на министерот Шаќири со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска имаше средба со амбасадорката на Романија Адела Моника Аксинте, на која разговарале за унапредување и интензивирање...

Ѓоргиев: Сегашниот пристап од Софија води кон консолидирање на наративите на Тодор Живков

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања денеска продолжува со својата работа, но во една крајно влошена атмосфера по отворањето на Бугарскиот клуб...

Зошто и како странци купуваат недвижности во офшор земји како Дубаи?

Во овие финансиски или даночни раеви инвеститорите се ослободени од даноци и немаат никаква законска обврска да го докажуваат потеклото на своите пари пред...

Превирања во НСДП: Битка за наследник на Тито

Има судир, но не и раскол во НСДП, вели за Фокус се уште актуелниот партиски претседател во заминување Тито Петковски, откако два табори влегоа...