30.8 C
Skopje

Герасимовски: Со 15 асистенти во училиштата овозможуваме инклузивност на децата со попреченост

Општина Центар и оваа година, петта по ред, продолжува со активностите за финансиска поддршка на невработени лица како лични асистенти на ученици со посебни образовни потреби од општинските основни училишта, информираат од Општина Центар.

Проектот започна со целосна финансиска поддршка на УНДП и Министерството за образование, за сега веќе втора година по ред истиот да се реализира со комплетно финансирање од страна на Општина Центар.

„Со овој проект ‘Образование за сите’, кој е опфатен со Програмата за образование за 2022-ра година, предвидуваме ангажирање на невработени лица како лични асистенти на ученици со попреченост од 8-те основни училишта во општината. Оваа година, со проектот се опфатени вкупно 17 ученици, за кои согласно проценките на стручните служби, како и наодот и мислењата кои ги поседуваат, се сметаат за приоритетни во потребата од придружба при следење на наставата и совладување на наставниот материјал. Започнувајќи од март, покрај постоечките 12, предвидено е вклучување на дополнителни 3 лични асистенти, за кои дополнително се појави потреба по барање на родителите и стручните служби од училиштата“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Основната идеја на проектот „Образование за сите“ е со употреба на различни модули да им даде поддршка на сите деца во оваа целна група во повеќе насоки, и тоа: инклузија на децата со попречености во образовниот систем; подобрување на нивната социјална интеграција; поддршка при совладувањето на образовните содржини и олеснување на движењето и пристапот низ училишните простории.

Исто така со реализирањето на овој проект се овозможува подобар успех при совладување на наставниот материјал кај учениците. Се олеснува интеграцијата на 17 ученици со посебни образовни потреби; се зголемува свесноста кај останатите ученици за потребите на децата со попречености и придонесува кон целосна инклузија на овие деца во образовниот систем, пишува во соопштението од Општина Центар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во случај на договор со Бугарија, Франција ќе организира прва меѓувладина седница на Северна Македонија и ЕУ

Француското Министерство за надворешни работи и Европа се огласи по средбата на шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан со неговиот колега од Северна...

Средба на министерот Шаќири со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска имаше средба со амбасадорката на Романија Адела Моника Аксинте, на која разговарале за унапредување и интензивирање...

Ѓоргиев: Сегашниот пристап од Софија води кон консолидирање на наративите на Тодор Живков

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања денеска продолжува со својата работа, но во една крајно влошена атмосфера по отворањето на Бугарскиот клуб...

Зошто и како странци купуваат недвижности во офшор земји како Дубаи?

Во овие финансиски или даночни раеви инвеститорите се ослободени од даноци и немаат никаква законска обврска да го докажуваат потеклото на своите пари пред...

Превирања во НСДП: Битка за наследник на Тито

Има судир, но не и раскол во НСДП, вели за Фокус се уште актуелниот партиски претседател во заминување Тито Петковски, откако два табори влегоа...