30.8 C
Skopje

Владата го разреши Макрадули

Владата на денешната седница побарала од Надзорниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ да го отповика Јани Макрадули од должноста претседател на Управниот одбор и генерален директор на „Пошта“.

Ова практично значи дека тој повеќе нема да биде директор на „Пошта“, одлука која доаѓа без никаква претходна најава.

„Фокус“ побара изјава од Макрадули зошто е разрешен и дали добил некакво образложение од Владата, но тој само кусо ни рече дека нема коментар.

Инаку, разрешувањето доаѓа откако пред пет дена доскoрешниот директор договори покачување на платите за вработените за 3.000 денари, прво зголемување на платите во „Пошта“ после 20 години.

Откако синдикатот почна штрајк, Макрадули уште на првиот ден се сретна со синдикалнците и договорија покачување на платите, но со компромис: од 1 јуни годинава линеарно да се зголемат за 3000 денари платите на 1700 вработени од оперативниот дел (поштари, шалтерски работници и други), а од 1 август покачување со тој износ да добијат и административните службеници во ова акционерско друштво во државна сопственост.

Сега со неговото разрешување останува нејасно дали ова договорено покачување ќе го реализира новиот директор, а тоа е Васко Стефанов кој доаѓа од позицијата заменик-директор на Агенција за вработување на Република Северна Македонија.

По доаѓањето на директорската позиција, Макрадули воведе новини во работење на „Пошта“, како услугата онлајн продавницата со сопствена достава. Изминатиот период се среќаваше со градоначалниците низ државата, со цел „Пошта“ да го преземе разнесувањето на писмата за општините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во случај на договор со Бугарија, Франција ќе организира прва меѓувладина седница на Северна Македонија и ЕУ

Француското Министерство за надворешни работи и Европа се огласи по средбата на шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан со неговиот колега од Северна...

Средба на министерот Шаќири со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска имаше средба со амбасадорката на Романија Адела Моника Аксинте, на која разговарале за унапредување и интензивирање...

Ѓоргиев: Сегашниот пристап од Софија води кон консолидирање на наративите на Тодор Живков

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања денеска продолжува со својата работа, но во една крајно влошена атмосфера по отворањето на Бугарскиот клуб...

Зошто и како странци купуваат недвижности во офшор земји како Дубаи?

Во овие финансиски или даночни раеви инвеститорите се ослободени од даноци и немаат никаква законска обврска да го докажуваат потеклото на своите пари пред...

Превирања во НСДП: Битка за наследник на Тито

Има судир, но не и раскол во НСДП, вели за Фокус се уште актуелниот партиски претседател во заминување Тито Петковски, откако два табори влегоа...