15.8 C
Skopje

Веќе имаме чувство дека војната станува сè понеизбежна

Украинскиот амбасадор во Германија, Андриј Мелник во интервју за БИЛД предупреди дека посетата на канцеларот Олаф Шолц на Киев и Москва денеска и вторник ќе бидат „веројатно последна шанса“ за мир.

Мелник јасно става до знаење: „Веќе имаме чувство дека војната станува сè понеизбежна“.

Тој додава дека мора да бидат подготвени за „најлошото сценарио“, и дека „главниот град би можел да биде бомбардиран во следните неколку дена“. Кога станува збор за авиони и бродови, Русија е супериорна во однос на Украина: „Ние сме навистина лесен плен за Путин“, изјави украинскиот амбасадор.

Мелник го повтори барањето на неговата влада да обезбеди одбранбено оружје од Германија. Станува збор за 12.000 противтенковски ракети кои би можеле да се употребат во копнена офанзива против 2.000 руски тенкови или 1.000 противвоздушни ракети.

Во однос на членството на Украина во НАТО, Мелник за Билд вели:

„И ние сакаме да станеме дел од семејството на НАТО. Сакаме да се приклучиме на одбранбениот сојуз – и да дадеме свој придонес“, посочува украинскиот амбасадор.

Но, според експертите, со оглед на моменталната конфликтна ситуација, не постои можност тоа да се случи во наредните неколку години, некои велат со децении, дури Украина и да ги исполни условите за влез во западната воена алијанса.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во случај на договор со Бугарија, Франција ќе организира прва меѓувладина седница на Северна Македонија и ЕУ

Француското Министерство за надворешни работи и Европа се огласи по средбата на шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан со неговиот колега од Северна...

Средба на министерот Шаќири со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска имаше средба со амбасадорката на Романија Адела Моника Аксинте, на која разговарале за унапредување и интензивирање...

Ѓоргиев: Сегашниот пристап од Софија води кон консолидирање на наративите на Тодор Живков

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања денеска продолжува со својата работа, но во една крајно влошена атмосфера по отворањето на Бугарскиот клуб...

Зошто и како странци купуваат недвижности во офшор земји како Дубаи?

Во овие финансиски или даночни раеви инвеститорите се ослободени од даноци и немаат никаква законска обврска да го докажуваат потеклото на своите пари пред...

Превирања во НСДП: Битка за наследник на Тито

Има судир, но не и раскол во НСДП, вели за Фокус се уште актуелниот партиски претседател во заминување Тито Петковски, откако два табори влегоа...