15.8 C
Skopje

Бројки на желби, бројки на разочарување, бројки на реалност!

Аналитичарот Даути, одговор до академиците:

БРОЕВИ НА ЖЕЛБИ, БРОЕВИ НА РАЗОЧАРУВАЊЕ, БРОЕВИ НА РЕАЛНОСТ!

„Ако со години си измислувал невистини, а потоа си почнал да им веруваш на истите, доаѓа денот да се погледнеш во огледалото, и тогаш мислиш дека огледалото лаже…“.
Вака аналитичарот Даут Даути ги искоментира некои ставови на македонските академици во врска со резултатит на пописот на населението во една негова објава на Фејсбук, споделувајќи ја својата последна колумна во весникот „Коха“, „Момент на реалноста“.

Тој понатаму појасни дека вистината за порастот на процентот на Албанците лежи во повисокиот наталитет кој резултирал со постепен пораст низ децении: на пописот 1981-19,8%, на двата пописи од 90-тите (делумно бојкотирани) -22,9 %, во 2002-25,17% и логично изгледа тоа што по две децении процентот со нормални демографски параметри се зголеми на над 29 проценти.

„Наместо да се грижат за сериозните општествени тенденции кои не засегаат истовремено сите нас(нискиот наталитет на Македонците, намалувањето на севкупниот број резидентното население и масовната миграција во странство, што не е само феномен на Македонија, над 130 илјади неопределени (треба нив да ги прашаат зошто), повикот за бојкот пред почетокот на пописот и се до анализата зошто Македонците биле помалку заинтересирани и помалку мотивирани да се попишат во дијаспората…), ги обвинуваат Албанците за нештата за кои тие самите треба да бидат одговорни: за создавање лажна илузија…“, напиша Даути, додавајќи:

„Кога академските интелектуални кругови ќе паднат во оваа замка, тие самите треба да ги објаснат причините и последиците, бидејќи со селективниот пристап создаваат магла за да ја сокријат реалноста што треба подобро да ја знаат“.

Целата колумна на Даут на овој линк:

Momenti i së vërtetës!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во случај на договор со Бугарија, Франција ќе организира прва меѓувладина седница на Северна Македонија и ЕУ

Француското Министерство за надворешни работи и Европа се огласи по средбата на шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан со неговиот колега од Северна...

Средба на министерот Шаќири со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска имаше средба со амбасадорката на Романија Адела Моника Аксинте, на која разговарале за унапредување и интензивирање...

Ѓоргиев: Сегашниот пристап од Софија води кон консолидирање на наративите на Тодор Живков

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања денеска продолжува со својата работа, но во една крајно влошена атмосфера по отворањето на Бугарскиот клуб...

Зошто и како странци купуваат недвижности во офшор земји како Дубаи?

Во овие финансиски или даночни раеви инвеститорите се ослободени од даноци и немаат никаква законска обврска да го докажуваат потеклото на своите пари пред...

Превирања во НСДП: Битка за наследник на Тито

Има судир, но не и раскол во НСДП, вели за Фокус се уште актуелниот партиски претседател во заминување Тито Петковски, откако два табори влегоа...