15.8 C
Skopje

Арсовска не ги тужи СДСМ за бугарското државјанство, туку дека билa блиска до ВМРО-ДПМНЕ

Во јавноста денеска повторно е актуелна градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска која не ја тужи владејачката партија за тоа што за време на изборната кампања за локалните избори тие излегоа со документи дека таа и нејзиниот сопруг поседуваат бугарско државјанство и бугарски лични карти, туку ги тужи дека била навредена оти била блиска до ВМРО-ДПМНЕ, велат во изјава за „Фокус“ од СДСМ.

„Како може поголем проблем да и преставува тоа што ние како партија за време на изборите сме рекле дека како независен градоначалник е блиска до Никола Груевски и до ВМРО-ДПМНЕ, а не е навредена ако не е точно дека има бугарско државјанство.

Нели тврдеше дека нема. Тоа само го докажува спротивното. Неа најголем  проблем и преставува да докажува дека била независен кандидат за локалните избори“, велат од владејачката партија.

На само неколку денови пред изборниот ден, од СДСМ излегоа со документ дека во 2011 година Арсовска се стекнала со бугарско државјанство.

„Во „Удостоверение“ од бугарското министерство за правда, јасно се наведува дека вицепретседателот на Бугарија со Указ од 2011 и дал на Арсовска бугарско државјанство. Или како што изворно пишува: „Вицепрезидент на Република Блгарија с Указ номер 33 от 28.04.2011 година Е ДАЛ блгарско гражданство на Данела Арсовска“

Цели десет години Данела Арсовска има резервна татковина. Oд кои побуди г-ѓо Арсовска побаравте бугарско државјанство? За чии интереси одработувате? За унгарските? За Бугарските? За оние на Груевски?“, прашуваше на крајот на октомври, тогашната пратеничка Славјанка Петровска.

Веднаш по завршувањето на вториот круг од локалните избори, „Фокус“ испрати неколку прашања до секторот за односи со јавност, кои ја следеа изборната кампања на Арсовска, од каде добивме потврда дека прашањата ќе ни бидат брзо одговорени, но на телефон не можеме лично да ја добиеме бидејќи е зафатена со админстративни работи. Во прилог прашањата што ги испративме до градоначалничката, на кои тогаш не добивме повратни одговори:

1. Може ли да ми кажете дали ќе ги тужите СДСМ поради обвинувањата дека имате бугарско државјанство?

2. Дали се точни нивните обвинувања и дали навистина целото ваше семејство имаат бугарско државјанство?

3. И ако не се точни, како на јавноста ќе го докажете тоа?

Од друга страна пак, денеска во Граѓанскиот суд започна првиот судски процес на Арсовска против портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски.

Како што веќе објавивме, СДСМ на својата официјална фејсбук страна ја објавија и тужбата, во која се наведува дека Арсовска е навредна затоа што била посочена дека иако настапува на локалните избори како независен кандидат за градоначалник, сепак таа наводно во изборната кампања била посочена како блиска на Никола Груевски и политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалничката на Скопје денеска не присуствувала на советничките прашања, за што како што се наведува во реакцијата испратена во дел од медиумите била на судски процес, кој бил неодложен. Но, сепак порталот СДК пишува дека таа не го известила претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славевски за причините за нејзиното отсуство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во случај на договор со Бугарија, Франција ќе организира прва меѓувладина седница на Северна Македонија и ЕУ

Француското Министерство за надворешни работи и Европа се огласи по средбата на шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан со неговиот колега од Северна...

Средба на министерот Шаќири со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска имаше средба со амбасадорката на Романија Адела Моника Аксинте, на која разговарале за унапредување и интензивирање...

Ѓоргиев: Сегашниот пристап од Софија води кон консолидирање на наративите на Тодор Живков

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања денеска продолжува со својата работа, но во една крајно влошена атмосфера по отворањето на Бугарскиот клуб...

Зошто и како странци купуваат недвижности во офшор земји како Дубаи?

Во овие финансиски или даночни раеви инвеститорите се ослободени од даноци и немаат никаква законска обврска да го докажуваат потеклото на своите пари пред...

Превирања во НСДП: Битка за наследник на Тито

Има судир, но не и раскол во НСДП, вели за Фокус се уште актуелниот партиски претседател во заминување Тито Петковски, откако два табори влегоа...